
Николовски: Ние Македонците сме гостопримлив народ, Крива Паланка покажа што е патриотизам и како не се потклекнува на навреди и провокации
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил напиша дека ние Македонците сме гостопримлив народ.
„Секој кој со добра мисла сака да ја посети нашата убава земја е добредојден. Крива Паланка покажа што е патриотизам и како не се потклекнува на навредите и провокациите. Горд сум на професионалноста на сите полициски службеници на граничниот премин Деве Баир и на мојот другар Дарко“, пишува тој.
Според него, Македонија е пример за мултикултурализам, за европските но и цивилизациски вредности и идеали на македонскиот великан Гоце Делчев!