
Невреме со пороен дожд во источниот и јужниот дел од Македонија – на некои места и град!
Од УНМР известуваат дека во моментот источниот и јужниот дел од државата е зафатен со нестабилна воздушна маса проследена со пороен дожд и на одредени места и град.
Нестабилната воздушна маса го зафаќа подрјето од градот Пробиштип, Кочани па се до градот Гевгелија.
Со град се зафатени селата Куклеш и Свидовица во струмичко и нестабилната воздушна маса се движи на север кон градот Струмица и се очекува градското подрчје да биде зафатено со пороен дожд.
Во поладневните часови се очекува пороен дожд во Западна дел од државата.