
Нермин Сулејмановиќ планирал да се ожени и да замине во Германија
Трикратниот убиец од Босна, Нермин Сулејмановиќ планирал свадба во Брчко и заминување за Германија.
Тој планирал да се ожени со друга жена на 16 август и да замине во Германија да отвори таму теретана.
Оваа информација за Аваз неофицијално ја потврдија од полициски кругови. Неговата избраничка е од германски град. Сулејмановиќ ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и уште две лица, а рани уште тројца и потоа се самоуби. Семејството не сака да го земе неговото тело и да го погреба. Сопругата го пријавувала за насилство. Судијката Лејла Нумановиќ не донела решение за изрекување мерки против Сулејмановиќ врз основа на пријавата од полициската управа Градачац.
Аваз.ба вчера објави дека судијката поднел жалба до Федералната полициска управа против МУП на кантонот Тузла и службеникот на полициската станица во Градачац. Во меѓувреме е на боледување поради, како што рече, хајката против неа.
Таа беше дежурен судија на 7 август кога полицаец од полициската управа Градачац и поднел барање за определување мерки за ограничување против Сулејмановиќ поради семејно насилство.