
Нема повеќе сукни, искинати фармерки, тренерки – и штипското медицинско училиште воведе правила на облекување
По примерот на гимназијата во Прилеп, и штипското медицинско училиште воведе правила на облекување
Директорката на СОУ „Јане Сандански“ вели дека целта е учениците да се облекуваат примерно, и да изгледаат како вистински ученици.
Според неа, дрес кодот од моментот на истакнување бил почитуван од учениците.
Иако дел од учениците се согласуваат, сепак сметаат дека е строг поради носењето на тренерки бидејќи, како што велат, има спортски типови, а имаат и спорт во училиштето.