
Некој во Звезда лаже: Бахар уште не добил отказ
Според нив, на искусниот стручњак и неговите помошници уште официјално не им е доделен отказ, а во моментов се преговара за финансиската отштета поради предвремениот раскин на соработката.
„Бахар и неговите соработници досега не постигнале никаков договор со управата на Црвена Звезда, дури не добиле ни официјално известување или каков било документ дека се отпуштени. Причината за тоа е што, ако се случи, Звезда би имала обврска да ги исплати платите за следните 2,5 години, колку што е договорот со Бахар. Смислата на ова е јасна, борбата за пари ќе биде тешка“, пишува израелскиот портал ONE.