
„Не можев да издржам, среќен сум што повеќе не играм фудбал“
Азар во изјава за белгиските медиуми кажа дека е среќен што повеќе не е на фудбалскиот терен и може да ужива во животот.
„Имам само 32 години, но рано почнав да играм фудбал. Го напуштив домот на 14-годишна возраст и постигнав сè што сакам“, кажа Азар по доделувањето на наградите во Париз.
Белгиецот минатото лето замина од Реал Мадрид, откако му заврши договорот, по што реши да се пензионира.