
Не им бил дозволен влез во Македонија на Ковачев, Врабевски и други тројца бугарски државјани
Македонската гранична полиција не дозволила влез во земјава на бугарскиот европратеник од ГЕРБ Андреј Ковачев, како и на Милен Врабевски и на уште тројца Бугарски државјани, јави денеска бугарската новинска агенција БГНЕС.
Според агенцијата, тие сакале да учествуваат на одбележувањето на Ѓурѓовден во Ново Село, Струмица.
„За жал, не ни дозволија да одиме на традиционалната прослава на Ѓурѓовден во струмичко Ново Село. Повеќе од 10 години на Ѓурѓовден одам во Ново село, Македонија.
на нашите бугарски воени гробишта. И јас годинава отидов таму и на мое големо чудење и ужас не не пуштија да влеземе со објаснување дека нивна одлука, но никој не ни објасни со какви мотиви“, го цитира агенцијата европратеникот Ковачев, кој додава дека добиле документ со тој, Милен Врабевски и уште три лица биле вратени од граничниот пункт, за што, како што рекол бил „крајно изненаден“.
„Пред само неколку дена се сретнав со министерот за надворешни работи Бујар Османи, ние, партијата ГЕРБ и нејзиниот лидер Бојко Борисов, правиме се што е можно за да го ослободиме патот на РСМ напред и да ги надминеме овие работи понатаму. Затоа апсолутно не ми е јасно, ова е инерција од минатото, инерција во нивните служби, затоа што нивното обезбедување се спушта по списоците на луѓе кои не се сакаат да влезат
Македонија“, вели Ковачев за БГНЕС.