
Не е сѐ во парите – следува егзодус на фудбалери од Саудиска Арабија
Се почна со Кристијано Роналдо, по него дојдоа уште неколку врвни играчи, но изгледа дека не било се во парите. Каталонскиот весник Спорт тврди дека неколку фудбалери жалат за таквата одлука и тоа само шест месеци откако одлучија да го сменат европскиот фудбал со арапскиот.
Многу фактори влијаат на тоа: поинаква клима, култура со која не се сретнале, поинаква фудбалска филозофија, полупразни трибини, недостаток на правата на жените со што се соочуваат нивните сопруги и сето тоа е најава за фудбалски егзодус од Саудиска Арабија претстојното лето.
Најчесто како пример се наведува Џордан Хендерсон кој е подготвен да направи се за да се врати во Англија. Неговата годишна плата изнесува 40 милиони евра, но за да ја заработи, мора да остане во Саудиска Арабија најмалку две години. Ако си отиде порано, не само што ќе остане без тие пари, туку треба да плати компензација од осум милиони евра.