
Натрапниците кои го прекинаа финалето на ЛШ ќе заработат по – 350.000!
Во главна улога е белорускиот стример Андреј Бурим, попознат како Мелстрој кој претходниве денови упатил повик – кој ќе влезе на теренот со маичка со неговото име, ќе добие бонус од 350 илјади евра. Предизвикот го прифатиле три лица кои ќе добијат забрана за влез на сите фудбалски стадиони во Англија, но ќе бидат побогати за 350 илјади евра што не е мала сума, без разлика каде во светот.
Мелстрој има над 3 милиони следбеници на Инстаграм и е еден од најпознатите стримери во Русија и Белорусија.