
НАРОДНА БАНКА ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува нето надворешниот долг?
Народна банка објави дека на 31 декември 2024 година, нето надворешниот долг изнесува 4.630 милиони евра (или 30 отсто од БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2024 година е зголемен за 183 милиони евра, или за 4,1 отсто. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71,7 отсто.
Во текот на четвртиот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 193 милиони евра и изнесува 8.767 милиони евра, што претставува 56,8 отсто од БДП за 2024 година.
Во однос на крајот на 2023 година, нето надворешниот долг е зголемен за 264 милиони
евра (или 6 отсто, во услови на зголемување на нето приватниот долг (за 408 милиони евра)
и намалување на нето јавниот долг (за 144 милиони евра).