
Направиле сообраќајка во Шуто Оризари, па се испотепале – а потоа кога дошле полицајците агресивно се однесувале и кон нив
На 19.09.2023 во 23.50 часот на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари ги привеле А.Е.(23), Р.Е.(27), Д.Е.(25) и Р.Е.(26), сите од Скопје.
Околу 23.00 часот, А.Е. и Р.Е.(27), по претходно случена сообраќајна незгода, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка, а при интервенција на полициските службеници тие, заедно со Д.Е. и Р.Е.(26), агресивно се однесувале кон нив.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.