
Напаѓаат и насилно ги одземаат луѓето кои протестираат за смртта на Навални: Погледнете ја бруталноста на полицијата на Путин во 2 снимки, уапсени над 400 луѓе
Во претходните два дена, луѓето во Русија се собираа во многу градови за да му оддадат почит на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој почина во петокот во затворска колонија. На овие собири, кои беа забранети од Русија, имаше случаи на полициско насилство врз граѓани кои се обидоа мирно да запалат свеќи за смртта на Навални.
На социјалните мрежи е објавено видео од една таква ситуација. Имено, девојката дошла мирно да положи цвеќе во еден руски град, во спомен на Алексеј Навални.
Полицајците кои масовно биле присутни на лице место, ја одвлекле против нејзина волја. На видеото се гледа како неколку од нив насилно ја влечат.
Ова не е изолиран случај. Низ Русија се снимени сцени на полициска бруталност, растерајќи луѓе кои му оддаваат почит на Навални.
Повеќе од 400 луѓе се уапсени ширум Русија за време на собирите во спомен на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој почина во петокот во оддалечената казнена колонија на Арктикот, соопшти денеска невладината организација ОВД-Инфо.
Во повеќе од десетина градови, полицијата до саботата вечерта уапси 401 лице кои спонтано се собраа да остават цвеќе и да запалат свеќи по објавувањето на веста за смртта на Навални.
Во вториот по големина град во Русија, Санкт Петербург, беа уапсени повеќе од 200 луѓе.