
НАГРАДА ЗА ХРВАТСКИТЕ ПОШТАРИ: Ќе добијат по 1.200 евра
Хрватските поштари ќе добијат финансиска стимулација. Хрватска пошта ги наградува работниците со 1.200 евра, но тие треба да исполнат еден услов. Последниве две години се трудат да ги стимулираат работниците.
Поштарите, доставувачите на весници и возачите на Хрватска пошта кои ќе останат до крајот на годината ќе добијат уште 1.200 евра нето награди, објави Хрватска пошта. Oваа награда е воведена за работни места каде е утврдена најголема флуктуација и потреба од вработување, а ќе важи и за сите идни работници на овие работни места кои ќе се вработат најдоцна до крајот на јуни годинава. Иако во март платите на сите работници на Хрватска пошта повторно пораснаа, трет пат во последните шест месеци, што е вкупно зголемување од 25 отсто. Хрватска има проблем со обезбедување на работници во повеќе сектори.
foto freepik.com