
Најстудено утрово на Попова Шапка и Лазарополе
Попова Шапка и Лазарополе утрово се разбудија со -1 степен, додека пак другите градови се во плус.
Па така, 1 степен има во Маврови Анови, 2 во Берово, 3 во Крушево, Битола, 4 во Крива Паланка, Претор, Охрид, 5 во Прилеп, 6 во Тетово, Виница, Штип, 7 во Велес, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Гевгелија, 8 во Скопје-Петровец, Демир Капија.
Снежната покривка на Попова Шапка изнесува 23 см.
Променливо облачно, наутро по одделни котлини со услови за појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 л/м²). Во попладневните и ноќтите часови на планините и на некои повисоки места претежно во западните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој ќе се задржи и преку ноќта.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.