
Најмалку осум лица загинаа, по седум се трага во близина на брегот на Сан Диего
Најмалку осум лица загинаа при превртување на чамец кај брегот на градот Сан Диего во американската сојузна држава Калифорнија, соопштија локалните власти.
Екипите на крајбрежната стража и противпожарната и спасувачката служба на Сан Диего извлекоа осум тела од водата, но густата магла ја отежна потрагата по другите, бидејќи жената што повика полиција изјави дека во чамецот имало 15 лица.
Се сомнева дека станува збор за шверцерски чамец, а не се знае од каде дошле луѓето и дали некој е уапсен.
Полицаецот на крајбрежната стража Еди Бериос потврди дека загинале осум лица, а тимовите трагаат по уште најмалку седум.