
Муцунски од трибини ги бодреше македонските фудбалери во Казахстан!
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска директно од трибините ја бодреше македонската фудбалска репрезентација.
По победата над Казахстан, тој се огласи на социјалните мрежи.
„Со срце, со глас и со гордост – поддршка за Фудбалска Репрезентација на Македонија од трибините на „Астана Арена“!
Црвено-жолтите се нашиот тим. Денеска сите знаеме за кого се пее, за кого се радуваме!
Го бодриме секој пас, секој шут, секоја победа – правец Светско 2026!“