
Му се смејат на хрватски фудбалер: Се жалеше на казна од две години, па доби – четири!
Стоперот во ноември 2022 година беше суспендиран поради сомнение за користење допинг, а откако ја обжали првостепената одлука за играње фудбал, наместо првичната двегодишна доби – доби четиригодишна суспензија.
„Од ноември 2022 година, хрватскиот фудбалер Марио Вушковиќ (22) е суспендиран поради сомневање дека користел допинг, а судот сега одлучи дека е виновен и доби четири годишна суспензија односно нема да игра фудбалер до есента 2026 година“, пишуваат германските медиуми.
Според нив, судот тоа им го кажал на адвокатите, а се чека официјална потврда. Ако реши да се договори, Марио ќе мораше да се изјасни за виновен и да паузира само една година и денес веќе ќе беше слободен, но лузната за допинг ќе останеше со него засекогаш. Тој не се согласи со тоа, не сакаше трајно да биде означен како измамник, но Спортскиот суд на Германскиот фудбалски сојуз немаше милост па му беше изречена двегодишна забрана од фудбалот.
Вушковиќ веднаш се жалеѓе на Спортскиот суд во Лозана (CAS), чија одлука бешеуште полоша. Неговите адвокати побараа ослободителна пресуда, но другата страна потоа побара четиригодишна казна, што на крајот се случи на Меѓународниот спортски суд. Ова значи дека ако не се пожалеше, ќе можеше да игра веќе оваа есен, а вака треба да паузира уште две години.