Moжно е да поскапе шеќерот, една земја ќе забрани извоз
Индија ќе забрани извоз на шеќер и тој може да поскапе. Одлуката најверојатно ќе ја зголеми цената на шеќерот на берзите во Њујорк и во Лондон.
Неименувани владини извори соопштија дека Индија од почетокот на октомври ќе забрани извоз на шеќер во следната сезона. Ова се случува првпат во изминатите седум години.
„Нашиот примарен фокус е да ги исполниме локалните барања и да произведуваме етанол од вишок шеќерна трска. Во наредната сезона нема да имаме доволно шеќер за извозни квоти“, истакна неименуван владин извор.
Индија им дозволи на фабриките да извезат само 6,1 милиони тони шеќер во текот на тековната сезона до 30 септември, откако минатата сезона им дозволи да продадат рекордни 11,1 милиони тони. Во западната држава Махараштра и јужната држава Карнатака, кои заедно сочинуваат повеќе од половина од вкупното производство на шеќер во Индија, досега пријавиле дека производството е дури за 50 проценти под просекот. Со повеќе намирници е слично. Во Африка се намалило производството на какаото и тоа ќе ги поскапе чоколадите.