
Многу силен земјотрес ја погоди Русија
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Чукотка, на крајниот исток на Русија.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Епицентарот на земјотресот бил на 180 километри северно од Егвекинот.
Засега не се знае дали има материјална штета или евентуални жртви.