
„МЛАДИТЕ ТРЕБА ДА РАБОТАТ 70 ЧАСА НЕДЕЛНО“: Став на милијардерот и „дедо“ на британскиот премиер
Н.Р. Нарајана Мaрти наведува дека продуктивноста на трудот
во Индија е меѓу најниските во светот
– На Индија и требаат многу одлучни, крајно дисциплинирани и
вредни млади луѓе кои треба да работат 70 часа неделно, за да може земјата да
стане светска економска сила – изјави индискиот милијардер Н.Р. Нарајана Марти.
Овој ко-основач на софтверскиот гигант „Инфосис“, кој е и „дедо“ на британскиот премиер Риши
Сунак, додава дека Германците
и Јапонците го направиле истото по Втората светска војна, пренесува Си-Ен-Ен.
– Нашата младина презема од Запад некои навики кои не се
толку пожелни и со тоа не и помагаат на државата. Продуктивноста на трудот во
Индија е меѓу најниските во светот – посочи милијардерот, кој исто така смета
дека корпоративните лидери во Индија треба да ги мотивираат младите луѓе да
„работат многу напорно“, со тоа што ќе им кажат дека нивната земја сега за прв пат стекна почит на глобално ниво
и дека е време да се консолидира и забрза напредокот.
Според Форбс, Мaрти има богатство од повеќе од четири
милијарди долари.
ФОТО: YouTube/Print Screen