
МИЦКОСКИ ОТКАКО МАКЕДОНИЈА СТАНА ДЕЛ ОД СЕПА: Tрансферот на дотациите на нашинците од дијаспората ќе биде веднаш
Македонија стана дел од Единствената европска платежна област (SEPA – Single Euro Payments Area). Oваа информација ја соопштија од Народната банка, а премиерот Христијан Мицкоски објасни какви бенефити ќе имаме од оваа одлука.
„Тоа подразбира дека трансферот на дотациите на нашинците од дијаспората ќе биде веднаш, без застој и без дополнителни трошоци и провизии. Истото важи и за компаниите. Имплементацијата ќе започне од октомври месец оваа година. Нека е со среќа! Македонија е повторно ваша на граѓаните“, пишува тој.
Македонските државјани кои се во странство секоја година испраќаат голема сума на пари, која е важна за домашната економија.
foto freepik.com/gelpi