
МИЦКОСКИ ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА НАБАВКАТА НА АВТОБУСИ: Кога ќе почне нивното отплаќање?
Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година. Премиерот Христијан Мицкоски објасни дека парите за набавка нема да бидат во новиот буџет, туку, како што рече, тие ќе бидат во предвидени во полугодишните рати за февруари-март 2028 година.
„Парите за набавката на новите електрични автобуси ги нема во буџетот до почетокот на исплатата на првата рата која е предвидена да биде во 2028 година“, одговори премиерот на прашање од пратеничката Сања Лукаревска од СДСМ.
Додаде дека така е затоа што условот е грејс период и заради анализата на пазарот.
„За тогаш е планирана првата од осумте полугодишни рати, која ќе доспее тогаш. Тогаш ќе се набавуваат 100 до 120 електрични автобуси, со 50 полначи. Поголемиот дел ќе бидат за Скопје, а останатите за градовите во кои има организиран јавен превоз“, одговори Мицкоски
На Скопје му требаат повеќе автобуси. Во градот владее хаос со јавниот превоз.
Европската Унија(ЕУ) деновиве донираше шест еко-автобуси на главниот град.
foto freepik.com