
Мехмедовиќ вели КЗБ нема да заседава, два случаи на магарешка кашлица кај невакцинирани деца
Во Македонија е регистрирана голема кашлица или попозната во јавноста како магарешка кашлица. Оваа болест е потврдена кај шестмесечно бебе, кое се наоѓа во детската болница во Козле.
Ова е втор случај во изминатиов период. Засега нема информација дали и кога Комисијата за заразни болести ќе заседава.
Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ вели дека вакцинацијата е најдобра заштита. Големата кашлица се манифестира преку инфекција која започнува во грлото.
Болеста се пренесува преку кашлање и кивање, а заразениот може да ја пренесува и 3 недели по појавувањето на првите симптоми. Болеста трае од 2 до 3 недели, а во некои случаи и од 2 до 3 месеци.
Најранлива категорија се малите деца и доенчињата, но болеста може да се случи и кај возрасните.