
Мегваер наместо шут-карта од Јунајтед доби – поголема плата (ФОТО)
Англискиот дефанзивец ќе добие значително зголемување на годишните примања поради пласманот на „ѓаволите“ во Лигата на шампионите, нешто што било предвидено при потпишувањето на договорот во 2019 година. Ова, пак, дефинитивно ќе биде дополнителен проблем за да се убеди да си замине од „Олд Трафорд“, каде што играше очајно и од капитен и регуларен стартер стигна до можеби последна резерва.
Тој има договорна обврска со Јунајтед до 2025 година, а во моментов заинтересирани за неговите услуги се Вест Хем, Тотнем и Њукасл.