
МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците
Најновиот проект во областа на транспортот, железницата со стандардна ширина на
колосек (Standard Gauge Railway), во Танзанија, некои аналитичари ја опишуваат
како пресвртница за Африка. Оваа пруга минува низ зачудувачки пејзажи,
поврзувајќи ги Танзанија, Бурунди, Руанда, Уганда, Демократска Република Конго
и Замбија.
Електрификуваната железница го намалува времето на патување
меѓу пристаништето Дар ес Салам и Морогоро на околу два часа, додека претходно
на старата железница траеше пет часа, а со автомобил четири часа.
– Тоа е најдолгата железница која започнува од источниот дел
на земјата, од Дар ес Салам, а се поврзува сè до езерото Викторија, поврзувајќи
го најголемиот град и економскиот центар на земјата со вториот по големина град, изјави економистот Вилијам Калаге за ДВ.
Проектот вреден 3,1 милијарди долари е најголемиот
инфраструктурен проект во историјата на Танзанија, изграден од турската фирма
Јапи Меркези. Според Вилијам Калаге, проектот првично бил дочекан со широко
распространет скептицизам во Танзанија.
– Кога беше донесена одлуката имаше многу скептици внатре и
надвор од владата, кои веруваа дека пред се е прескапо – рече тој.
Масања Кадогоса, извршен директор на Tanzania Railways,
неодамна рече: „Ако не го
користиме, ќе го користат милијардери од други земји. Ние мора да бидеме првите
што ќе имаат корист од оваа железница“.
440km electric train system in Tanzania that has cut down 10 hours journey into merely 4 hours.
A $3.1 billion project.
Leadership: president Samia Suluhu Hassan pic.twitter.com/rNIsUWTlYg
— Zulfiqar Ahmed (@ZulfiqarAhmed69) November 11, 2024
Мега проект со
економски потенцијал
Танзаниските власти тврдат дека новата железница ќе отвори
нови работни места, ќе ја подобри ефикасноста на пристаништето и ќе ја зајакне
трговијата на национално и на меѓународно ниво.
– За Африка ние сме единствената земја која ја гради
најдолгата пруга по пристапна цена. Ова ни дава економска предност – изјави
заменик министерот за транспорт Давид Кихензиле.
Најголемиот предизвик, сепак, е да се обезбеди дека мега
проектот е завршен и ефикасно управуван за поддршка на економската активност во
Танзанија и пошироко.
– Една од работите што треба да ги направи Танзанија е да
развие техничка експертиза за одржување на железничкиот проект што го гради –
рече инженерот Џексон Секаси за ДВ. Инженерите мора да бидат обучени за подобро
управување со проектот, додаде тој.