
Македонците навалија на гиро: Продолжениот викенд повод за посета на Грција
Слободниот ден по повод Рамазан Бајрам се чини дека е повод за посета на соседната сончева Грција.
Па така, на граничните премини кон Грција може да се забележат долги колони возила.
Граничните премини „Меџитлија“ и „Богородица“ од утрово се преплавени со возила кои чекаат за излез од Македонија кон соседна Грција.
Како што јавуваат читатели на 4news, утрово била забележана гужва и на граничниот премин кон соседна Србија, каде се чекало и до половина час за излез од државата.
Во продолжение фотографии од граничните премини: