
ЛЕТОВИТЕ НА ЕР СРБИЈА ДОЦНАТ ПОРАДИ ДЕФЕКТ ВО СИСТЕМОТ – пред да се тргне на аеродром, да се провери редот на летање
Поради дефект на ИТ системот на белградскиот аеродром, денеска (четврток, 01.08.2024) во утринските часови имаше повеќе метеж на шалтерите за пријавување летови.
Поради тоа, повеќето летови на „Ер Србија“ во утринскиот бран доцнеа во однос на планираното време на полетување, додека неколку летови доцнеа и до два часа. Дефектот оттогаш е отстранет, но отстапувањата во утринскиот бран може да доведат до потенцијално презакажување на аеродромските слотови од страна на европската контрола на летање и дополнителни последователни отстапувања од планираниот распоред на летови во текот на денот.
„Ер Србија им се извинува на патниците за најавените отстапувања, кои настануваат поради околности надвор од контрола на српската национална авиокомпанија.
Надлежните служби на Ер Србија прават се што е во нивна моќ да ги намалат последиците од дефектот на ИТ системот на белградскиот аеродром за патниците. Сите патници кои може да ги загубат врските ќе бидат пренасочени на алтернативни летови.
За повеќе информации, патниците можат да се јават во Контакт центарот на Ер Србија на 0800 111 528 од Србија, +381 11 311 21 23 од странство, посетете ги airserbia.com или страниците на социјалните мрежи на Ер Србија“, соопштија оттаму.