
Кривичен во целост го прифати обвинителниот акт за убиството на Вања, на таткото ќе му се суди за грабнување
Денес Основен кривичен суд Скопје преку соопштение информира дека се одбиени како неосновани приговорите на одбраната на обвинетите за случајот со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и обвинителниот акт се прифаќа во целост. Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, се обвинети дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата. […]