
КРЕДИТИ ОД ЈАПОНИЈА, КАТАР И ЕБОР: Орбан ќе зема нови кредити
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе зема заеми од Јапонија, Катар и Европската инвестициска банка, не само од Кина. Орбан тоа го најави на првата сесија на Парламентот по годишните одмори, во своето специјално обраќање за економските и политички планови во наредниот период.
Според Орбан, неговата влада не сака да го реализира економскиот развој само со кинески заеми, поради што започнала преговори за заем од ЕБОР за развој на железницата. Будимпешта преговара со земјите од Персискиот залив за заем.
Македонија доби кредит од 500 милиони евра од Унгарија. Орбан во Македонија изјави дека тој не може да дава кинески пари на нашата земја, иако имаше тврдења дека заемот што земјава го доби, е од кинеските кредити што Унгарија ги земала.