
КРАДЦИ, УБИЈЦИ: Граѓаните на протест пред Влада – бараат расветлување на случаите со онкологија и модуларната болница!!
Со транспаренти „Правда за жртвите“, „Убијци“ и „Крадци“ денеска граѓаните излегоа на протест пред Владата за скандалот во онкологија.
Протестот од Влада ќе продолжи пред Зградата на ОЈО каде ќе се бара судска разрешница за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово.
Тие бараат и целосно расветлување на случајот во Онкологија по признанието на доктор на Клиника, кој во интервју кажа дека косовски државјани се лечеле како македонски државјани, а се бараат и одговори кои лица биле инволвирани во давањето државјанства на жители на Косово, како и колку штета е предизвикана на Фондот на здравство.
Покрај нив, и студентите од правниот факултет протестираат за измените во кривичниот закон.
Ова е трет протест за случајот „Онкологија“. Првиот се одржа на 4 септември, а вториот на 11 септември.