
Ковачевски со две понуди до Мицкоски: Во понеделник гласање за уставни измени па избори или влез на ВМРО-ДПМНЕ во Влада
Премиерот денеска со две понуди до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Првата е во понеделник да се изгласаат уставните измени, па да се распушти Собранието и да се оди на предремени парламентарни избори или ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Влада, па да се направат уставни измени, да се затворат еден или два кластери па да се оди на редовни избори.
„Ние имавме лидерска средба на која понудив на Мицкоски решение во понеделник да ги изгласаме уставните измени, истиот ден ќе го распуштиме Собранието и ќе одиме на избори или ако сакаат да ги отвориме уставните измени, да влезат во Владата и да ги добијат 50 отсто од министерствата, да ги затвориме процесите на скрининг и уставни измени, да ги отовориме заедно поглавјата, а јас верувам дека едно или две поглавја да затвориме“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.