
Кирјос го нападна Синер за допингот: Нема да молчам!
Италијанецот двапати беше позитивен на допинг-тестови, а тоа беше откриено во јавност неколку месеци подоцна, по што АТП реши да го казни парично и со 400 бодови.
Кирјос не е среќен поради малата казна од АТП и посочи дека Италијанецот морал да добие соодветна санкција.
„Како спортисти ги користиме нашите платформи за да бидеме сигурни дека работите се фер. Знаеме дека Синер е неверојатен човек и тенисер, но ако очекувате да молчам за случајот со допингот, тоа нема да се случи“, кажа Кирјос.