
Кинески балон прелета и над Колумбија
Во услови на тековни тензии меѓу САД и Кина околу американското соборување на кинески балон за кој Вашингтон вели дека бил шпионски балон, а Пекинг вели дека бил истражувачки балон, Колумбија соопшти дека забележала сличен објект во сопствениот воздушен простор, јави ДПА.
Ова се случи утрото на 3 февруари. Тогаш националниот систем за противвоздушна одбрана откри објект на надморска височина од околу 17.000 метри кој навлегол во северниот дел од воздушниот простор на земјата, соопштија денеска колумбиските воздухопловни сили. Објектот се движел со брзина од околу 46 метри на час и имал карактеристики слични на оние на балон, додаваат колумбиските сили.
Тие го следеле објектот додека не го напуштил колумбискиот воздушен простор. Тој не претставуваше закана за националната безбедност и одбрана, ниту за безбедноста на цивилната авијација, додаваат од воздухопловните сили.
САД вчера соборија кинески балон со проектил, за кој Пекинг рече дека бил за цивилни цели и дека скршнал од курсот.
Во петокот, портпаролот на американското Министерство за одбрана, Пат Рајдер, рече дека е забележан втор балон над Латинска Америка, без да даде детали. Канадските претставници, цитирани од Франс прес, најавија и втор балон во петокот.