
Кејн се запиша во историјата – израмни еден и собори уште еден рекорд на Бундеслигата
Денеска тој постигна хет-трик во победата на Баерн против Мајнц со 8-1, а со тоа собори еден и израмни уште еден рекорд во германското првенство. Англичанецот стана прв фудбалер во историјата со четири хет-трика во една сезона во Бундеслигата, а со 30 гола го израмни најдоброто достигнување на еден дебитант во овој шампионат.
Јасно е дека ќе го собори и вториот рекорд бидејќи до крајот на првенството има уште десет кола. Покрај сето ова, тој четврти пат во кариерата ја мина границата од 35 гола во сите натпреварувања, а му недостасуваат уште шест гола за да го достигне својот најдобар ефект во една натпреварувачка кампања.