
Касами гради опозициска коалиција – „ќе работиме да го испратиме дома Али Ахмети“
Градоначалникот на Општина Тетово и лидер на Движењето Беса Биљал Касами истакна дека нивната цел и целта на опозициската коалиција која ја градат, е лидерот на ДУИ, Али Ахмети да оди дома.
„Ние работиме со целата структура на Движење Беса, широката опозициска коалиција која ја градиме, ДУИ да ја испратиме во опозиција. Нема врска со бојкот, ние сме кажале дека Али Ахмети треба да оди дома бидејќи доста беше во политиката“, вели Биљал Касами.