
Како земјотресот да не донесе доволно несреќа: Уапсени најмалку 98 лица за грабежи и измами, од кои двајца се претставувале како хуманитарци
Според безбедносни извори, во саботата во Турција биле уапсени 98 лица под обвинение за кражба во оштетени згради, грабеж или измама. Најмалку 42 лица се обвинети за кражба во јужниот регион Хатај .
Безбедносните служби заплениле шест пиштоли, три пушки, накит, банкарски картички, 11.000 долари и 70.000 турски лири (околу 3.700 долари) во готовина, објавија државните медиуми.
Две лица се уапсени затоа што лажно се претставувале како работници на хуманитарна организација и наводно се обиделе да ограбат шест камиони со храна наменета за жртвите од земјотресот, објави Си-Ен-Ен.
Покрај тоа, најмалку шест лица беа уапсени во Истанбул под сомнение дека телефонски се обиделе да ги измамат жртвите од земјотресот.
Апсењата се случија во најмалку осум турски региони .