
Изменетиот закон за санкции помина на Влада, испратен е во Собранието
Измените на законот за санкции добија зелено светло од Влада, сега на ред е Собранието.
Тоа значи дека Владата може да воведе рестриктивни мерки за поединци или компании во случај на корупција, злоупотреба на службена должност или хибридни закани. Исто така судот ќе може да изрече мерки пред пресудата.
Законот за рестриктивни мерки, како што појасни министерот за надворешни работи Бујар Османи, е под надлежност на МНР и има за цел дефинирање на начините за воведување, изменување и престанување на рестриктивните мерки.
„Со измените на Законот, што денес ги потврдивме на Влада прво го прошируваме основот. Не се само резолуциите на Советот за безбедност и правните акти на ЕУ, туку и правните акти на САД и правните акти на Обединетото Кралство се основа за воведување на рестриктивни мерки од страна на Владата и по однос на корупција, злоупотреба на службена должност, како и хибридни закани“, изјави Османи.