
Излевање на нафта од нафтовод во близина на сибирскиот град Омск
Руското Министерство за вонредни состојби во понеделникот соопшти дека истекувањето на крајот од минатата недела од нафтовод во близина на сибирскиот град Омск предизвикало излевање на нафта кое било регистрирано „на површина од 200 квадратни метри со волумен од 60 кубни метри“ и било „во резултат на депресуризација на гасоводот“, објаснуваат од Министерството.
Министерството соопшти дека истекувањето било откриено во петокот (27 јануари) и оттогаш било задржано. Нафтоводот е во сопственост на операторот Транснефт, објави новинската агенција РИА, цитирана од Ројтерс.
И Министерството за вонредни состојби соопшти дека во областа е воведена вонредна состојба, која се уште е на сила, но додаде дека ситуацијата е под контрола.