
ИВИЦА ДАЧИЌ: Замолувам да не ни се држат лекции од страна
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ денеска на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје изјави дека не треба да им делат лекции од страна.
„Замолувам да не ни се држат лекции од страна, бидејќи сите земји членки на Европската Унија сега да треба да поминат низ она што поминуваме сите ние тука за да влеземе во Унијата, тогаш три четвртини од земјите не би го поминале тестот“, рече Дачиќ.
Тој кажа дека не постои борба против корупцијата без полиција, правосудство и обвинителство.
„Она што мене малку ме нервира во сето ова е дека ние самите за себе велиме дека сме шампиони, а всушност не сме. Шмпионите се таму каде што има пари, каде што има моќ и влијание, таму каде што корупцијата се спроведува во форма на закон. Да се земе провизија на Запад е легално, а кај нас е корупција. Жал ми е што и тие не се тука на потпишувањето на декларацијата, бидејќи први треба да ја потпишат“, рече Дачиќ.
Српскиот министер рече дека борбата против корупцијата и организираниот криминал не може без целосната координирана акција и меѓународна соработка.
Дачиќ беше еден од ретките присутни што му обрна внимание на рускиот колега Сергеј Лавров.
Foto: Tanjug/MPS/Dijana Vukomanović