
Историски момент: Шпанецот Родри ја освои „Златната топка“ (ВИДЕО)
Родри пред една недела дознал дека ќе ја добие наградата, а тоа предизвика големо разочарување кај Винисиус Жуниор поради кој Реал Мадрид реши да ја бојкотира церемонијата и ниту еден член на екипата не се појави во Париз.
Шпанецот имаше неверојатна сезона со англискиот гигант Манчестер сити со кој ја освои Премиерлигата, а потоа со Шпанија го крена пехарот на Европското првенство (ЕП).
Интересно е тоа што Родри стана прв Шпанец освојувач на „Златната топка“ од 1960 година кога таа му припаднала на Шпанецот Луис Суарез.
RODRI, YOU WON IT! You’re our 2024 Ballon d’Or! #ballondor @ChampionsLeague pic.twitter.com/z4Xwgp8s9T
— Ballon d’Or (@ballondor) October 28, 2024