
Исчезнаа пет лица од Непал, биле вработени во фирма во Скопје
На 01.08.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.Н.(41) од Скопје, пријавил дека од домот каде престојувале се оддалечиле пет лица од Непал од 24 до 41-годишна возраст, кои биле вработени во фирма во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.