
ИНФОРМАЦИЈА ЗА СКЕНИРАЧИТЕ НА СМЕТКИ: Имало опожарување на оптички кабли, но системите на УЈП пак се во функција
Имаше прекини во скенирањето на фискални сметки, а системот повторно е во функција.
Управата за јавни приходи(УЈП) известува дека денеска поради опожарување на оптички кабли кај повеќе телекомуникациски оператори, меѓу кои и операторот кој обезбедува услуга за интернет симетричен пристап на УЈП, системите за електронски услуги не беа достапни во периодот од 07:40 до 11.30 часот.
„Овој технички проблем е надминат и системите на УЈП се достапни за реализација на Вашите права и обрвски кои ги остварувате преку истите“, велат од УЈП.
Граѓаните скенираат сметки за да добијат поврат на ДДВ.