
ИМА ДВЕ ЖРТВИ: Луѓе загинаа во силното невреме во Црна Гора
Двајца луѓе загинаа во силното невреме во Црна Гора.
Поројниот дожд и ураганските ветрови откорнаа дрвја, а предизвикаа и сообраќаен хаос. Турски државјанин загина во Чањ при уривање на кран поради силното невреме. Едно лице загина од удар на гром во Луштица на теренот за голф Луштица Беј.
Црногорските власти ја опишаа штетата како „огромна“. Невреме имаше во Словенија, Хрватска, Србија и Македонија.
фото МИА