
Илир Мета: Македонија не доби ништо на економски план од легализацијата на канабисот
Албанската владата го одобри предлог-законот за производство и употреба на канабис за медицински и индустриски цели. Согласно законот, ќе се формира и Национална агенција за контрола, која ќе дава лиценци на компаниите и ќе го следи пазарот.
Претседателот на Партијата на слободата, Илир Мета, реагираше на владиниот предлог-закон за легализација на медицинскиот канабис. Во изјава за медиумите Мета ги обвини власта и државната полиција дека се во спрега со трговци, додавајќи дека ваквата одлука ќе ги уништи младите.
„Владата за дрога на Еди Рама го одбележа своето конечно заробување од трговците со дрога, со одобрување на нацрт-законот за легализација на канабисот наводно за медицинско и индустриско производство.
Овој предлог-закон е одобрен во време кога ситуацијата поврзана со трговијата со дрога е посериозна од кога било во Албанија. Тоа го докажуваат извештаите на американскиот Стејт департмент и оние на Европската Унија.
Ситуацијата е толку сериозна што ја принуди американската ДЕА да отвори директна линија за комуникација со граѓаните за да пријават трговија со дрога, поради тоталниот неуспех на државата во војната против неа. Ситуацијата станува уште посериозна кога претставници на Европската унија во Тирана и официјално потврдуваат дека Владата немала никаква комуникација со нив за ваков проблематичен закон, додека Албанија и формално ги отвори преговорите за членство во Европската унија. Нацрт-законот е де факто легализација на трговијата со дрога во Албанија бидејќи во светот е познато дека медицинскиот канабис има многу ограничена и само експериментална употреба и познато е дека Албанија нема експериментални и преработувачки капацитети и самиот светски пазар е многу, многу ограничен.
Алибито на економската придобивка паѓа бидејќи придобивките се речиси нула, што се докажа и во Северна Македонија каде што оваа иницијатива деградираше. Легализирањето на канабисот од страна на Рама има погубни последици особено за младите бидејќи овој закон ќе ја мултиплицира употребата на дрога во целина. Главната последица е создавање на зависност од дрога и сериозни физички, психички и морални проблеми како резултат. Канабисот е шизофреничен предизвикувач. Канабисот е дрога, претходник на употребата на тешки дроги“, искоментира вчера Мета.