
Христијан Георгиевски од пола терен го шокира Домжале (ВИДЕО)
Марио Крстовски погоди за водство на Домжале во втората минута, по што Тојчиќ си постигна автогол за предност од 2-0 на гостите.
Калноки-Кис ја врати надежта на домаќините, а потоа Христијан Георгиевски од слободен удар од пола терен го матира голманот на Домжале за 2-2.
Георгиевски беше стрелец и на третиот гол за целосен пресврт (3-2), додека до крајот стрелаа Шалаи и Клауш.