
Хероите од Фарски Острови со кренати глави си одат дома
Во дуелот со Полска, Фарски Острови загубија со 28-32, но селекцијата си заминува дома како миленик на сите нетруални љубители на ракометот. Пред два дена освои историски бод против Норвешка, но за првата победа ќе треба да почека барем две години, но следното првенство.
Денеска Фарски Острови беа рамноправни до 57. минута преку Тејгум намалија на 28-29. Полјаците потоа не дозволија да примат ниеден гол, мечот го затворија со три гола во низа и дојдоа до првата победа на првенството која, сепак, не им значи ништо бидејќи беа испаднати по второто коло.
Тројца ракометари на полската репрезентација постигнаа безмалку 80% од вкупниот број голови. Најефикасен беше Сичко со десет, Шипжак додаде девет, а Једрашчук шест.Кај Фарски Острови, Тејгум постигна десет, а Скипаготу девет гола.
Со почесни победи, од првенството се простија и Грузија и Чешка кои ги победија БиХ, односно Грција.
РЕЗУЛТАТИ
БиХ – Грузија 19-22
Чешка – Грција 29-20
Полска – Фарски Острови 32-28