
ГРЦИЈА ПОСТАВУВА УСЛОВ ЗА АЛБАНИЈА: Дали е ова сопка на европскиот пат?
Грција поставува услов за Албанија ако сака да напредува на европскиот пат. Грците бараат права за грчкото малцинство во Албанија.
„Грција ќе ја поддржи Албанија во нејзината децениска кандидатура за влез во Европската унија под услов да ги почитува правата на нејзиното етничко малцинство“, изјави денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Говорејќи на потпишувањето на договорот за изградба на нов пат што го поврзува градот Јанина во северозападна Грција со албанското село Какавија, Мицотакис рече дека Грција отсекогаш се залагала за добри односи со својот јадрански сосед, пренесе Ројтерс.
Но, нејзината поддршка за кандидатурата на Албанија за пристап во ЕУ зависи од тоа колку брзо ќе ги исполни обврските во врска со имотот и другите права на најголемото етничко грчко малцинство во земјата.
Албанија го отвори и вториот кластер со ЕУ, а премиерот Еди Рама сака да ја внесе земјата во ЕУ до 2030 година. Рама годинава имаше два собири во Грција со албанското малцинство.