
ГОРИ ВО ТУРЦИЈА: Eвакуирани се луѓето во Измир
Пожари има во Измир, во Турција каде се евакуирани жители на две населби, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер.
Од засега непознати причини избувнал шумски пожар во реонот на градот Урла. Луѓето морале да бидат евакуирани од вкупно 120 домови во две населби.
Во напорите за гаснење на пожарите се вклучени девет противпожарни авиони и девет противпожарни хеликоптери, како и десетици противпожарни возила.
Пожар избувна денеска и во близина на одморалиштето Чешме. Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот со три авиони и неколку противпожарни возила.
Пожари има во Албанија, Грција, Црна Гора, Хрватска и Македонија.
фото МИА