
ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ ВО ТЕТОВО И СКОПЈЕ: Пороен дожд, грмежи и појава на град
Од УХМР известуваат дека во моментот подрачјето на Тетово е зафатено од интензивен пороен дожд и грмежи. Правецот на движење на нестабилната маса е кон исток и североисток. Појава на град има во делови од Скопје. Поголема нестабилност има во источниот дел на Пелагонија и делови од Мариово. Правецот на движење е кон североисток.