
Голем скандал на повидок: Бенфика обвинета за местење натпревари!
Бенфика е обвинета за местење натпревари во своја корист, а португалскиот гигант се огласи и со соопштение во кое тврди дека обвинувањата се неосновани.
„Ќе се браниме од овие неосновани обвинение. Бенфика и нејзините адвокати детално ќе ги анализираат обвиненијата за кои сме денес известени“, стои во соопштението.
Португалскиот клуб додаде и дека сомнежите се однесуваат на „дела“ кои се препишуваат на поранешниот претседател и поранешниот советник.
Медиумите во Португалија посочуваат и дека под истрага се два натпревари од португалската лига против Виторија Сетубал кој наводно Бенфика ги „платила“ за да победи.